Хроника 11. јули 2018. / 14:37

Приведени двајца прилепчани, по едниот имало потерница од „Идризово“ за издржување казна затвор

Приведени двајца прилепчани, по едниот имало потерница од „Идризово“ за издржување казна затвор

Двајца прилепчани се приведени на магистралниот пат Кичево-Охрид кај паркингот во с. Другово кога полицијата го сопрела нивното возило. По едниот, кој го управувал автомобилот, била распишана потерница од страна на Казнено-поправната установа „Идризово“ за издржување казна затвор во траење од една година и два месеца.

При преглед во возилото од страна на полициски службеници пронајдени биле и одземени предмети за кои постои основи на сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицата биле лишени од слобода и биле задржани во Полициската станица Кичево за понатамошна постапка.