Хроника 02. декември 2019. / 22:19

Приведени двајца од петмината во кои беше пукано во хотелот Александар Палас

Приведени двајца од петмината во кои беше пукано во хотелот Александар Палас

Во полициската станица Карпош приведени се на распит двајца од петмината во кои беше пукано во саботата во хотелот Александар Палас. Други двајца од оштетените утрово биле на распит, дознава Телма.

Oд Телма неофицијално дознаваат дека приведените пишувале заканувачки пораки до полицијата велејќи дека од припадници на полицијата се виновни што било пукано кон нив. Се уште се трага по напаѓачите кои биле маскирани.

Во саботата, околу полноќ три лица пукале во лица кои седеле во хотелот Александар Палас, при што интервенирал полициски службеник, пукајќи кон нив, а кој во тоа време не бил на должност. Во инцидентот немаше повредени.