На 01.03.2021 околу 16:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на кружниот тек во населба Ѓорче Петров, лице од возило „фолксваген голф“ пукало кон возило „мерцедес”, во кое бил полицискиот службеник З.Р..
Притоа, З.Р. се здобил со повреди во ногата и се упатил во Градската општа „8-ми Септември” за укажување на помош.
Околу 19.00 часот возилото „голф“ било пронајдено, а потоа, поради сомнение дека се сторители на делото, од слобода биле лишени Б.В.(40) и И.Л.(38), двајцата од Косово.
По целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.