Хроника 13. октомври 2020. / 11:15

Приведени девет женски лица затекнати во угостителски објект покрај автопатот Гостивар-Тетово

Приведени девет женски лица затекнати во угостителски објект покрај автопатот Гостивар-Тетово

Девет женски лица, меѓу кои четири странски државјанки, се затекнати во акција на полицијата ноќеска од полноќ до 01.30 часот во угостителски објект лоциран покрај автопатот Гостивар-Тетово, сопственост на Р.Б.(46) од Гостивар.

Како што соопшти МВР, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар спровеле акциска контрола во угостителски објект биле затекнати девет лица, меѓу кои четири странски државјанки, три од Албанија и една од Косово.

Тие се лишени од слобода за натамошна постапка.