Хроника 21. мај 2020. / 11:46

Приведени 30 лица за непочитување на полицискиот час

Приведени 30 лица за непочитување на полицискиот час

Приведени 30 лица од 38 кои не ја почитувале забраната за движење во изминатото деноноќие во државава. За осум лица ќе следуваат соодветни мерки.

Од МВР информираат дека полицијата регистрирала и 81 прекршок по однос на мерката за неносење лична заштита.

За последните 24 часа на територијата на Република С. Македонија на 210 лица им се издадени решенија за изолација, а седум лица потпишале изјави за самоизолација.

-Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што едно лице не ја почитувало мерката за изолација и самоизолација, се наведува во соопштението на МВР.