Хроника 05. јануари 2021. / 11:29

Приведен вевчанец поради закани на „Фејсбук“, поттик на омраза, дискриминација и насилство кон други лица

Приведен вевчанец поради закани на „Фејсбук“, поттик на омраза, дискриминација и насилство кон други лица

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, на 04.01.2020 полициски службеници од ОВР Струга од слобода го лишија Г.П.(45) од Вевчани.

Тој, на својот „Фејсбук“ профил, како и на повеќе електронски портали, објавил видео клип со заканувачка содржина, промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација и насилство кон други лица.

При претрес извршен во неговиот дом, а врз основа на наредба од судија на претходна постапка, пронајдени се и одземени лап-топ компјутер и други предмети поврзани со делото.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.