Хроника 08. јануари 2021. / 12:25

Приведен угостител од Гостиварско: Во локалот имал 20 гости по дозволеното време

Приведен угостител од Гостиварско: Во локалот имал 20 гости по дозволеното време

Во село Градец, гостиварско, вчера во 21 часот, полицајци лишиле од слобода сопственик на објект кој работел по дозволеното време и во кој биле затекнати 20 гости.

Б.А. (35) бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосното документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.