Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р. (37) од Струмица поради постоење основи на сомнение за обид за силување.
-На 17.11.2019, околу 4.05 часот, на улицата Кукушка во Струмица, пријавениот нападнал и допирал 29-годишна девојка од Струмица – информираат oд полицијата.
Набргу потоа тој бил пронајден и приведен во полициска станица.