Хроника 09. јануари 2021. / 18:54

Приведен сопственик на чајџилница во Арачиново, објектот работел по 18 часот

Приведен сопственик на чајџилница во Арачиново, објектот работел по 18 часот

Полицијата вчера по 21 часот во соработка со Државниот пазарен инспекторат затвори чајџилница во скопско Арачиново и го приведе сопственикот заради работење по дозволеното време и голем број на гости во објектот.

Како што информиа МВР, полициски службеници од ЕВР, ОКР Гази Баба, Единицата за интервентна полиција и ПО Арачиново во соработка со Државниот пазарен инспекторат вчера во 21:20 часот извршиле контрола во чајџилница во село Арачиново и констатирале дека објектот работи и има повеќе гости.

-Во чајџинлицата е затекнат и сопственикот А.Б. (25), од село Арачиново кој ќе биде приведен во полициското одделение Аралиново, а по документирање на случајот ќе биде поднесена привична пријава по чл.206 од К3, соопшти МВР.