Хроника 17. декември 2020. / 12:07

Приведен сопственик на угостителски објект во Тетово – работел по 21 часот

Приведен сопственик на угостителски објект во Тетово – работел по 21 часот

Вчеравечер во Тетово е приведен 33-годишен сопственик на угостителски објект, бидејќи кафеаната му работела по дозволеното работно време до 21 часот.

-Вчера околу 21.45 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.И.(33) од Тетово затоа што неговиот угостителски објект на улица „Илинденска“ во Тетовоработел со гости по дозволеното време и не ги почитувал мерките за справување со коронавирусот. Ф.И. бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик, а поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, појаснуваат од МВР.