Хроника 20. јули 2020. / 16:28

Приведен скопски угостител: Навредувал полицајци кои вршеле контрола во објектот

Приведен скопски угостител: Навредувал полицајци кои вршеле контрола во објектот

На 19.07.2020 во 22.00 часот во угостителски објект на ул.„Тодор Чангов“ во Скопје, од полициски службеници од СВР Скопје бил приведен А.Д.(34) од Скопје, бидејќи го нарушил јавниот ред и мир со омаловажување на полициските службеници кои вршеле контрола во објектот.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.