Хроника 23. јануари 2021. / 12:17

Приведени двајца скопјани кои криумчареле мигранти од Сомалија и Сирија

Приведени двајца скопјани кои криумчареле мигранти од Сомалија и Сирија
Илустрација

Во близина на клучката кај село Прдејци, на место викано „Борови“ еден час по полноќ полицијата во возило со скопски регистарски ознаки пронашла шест лица мигранти, пет од Сомалија и едно од Сирија. Лишени од слобода се двајца скопјани.

– На 23.01.2021 во 01.00 часот, во близина на клучката кај с.Прдејци, на место викано „Борови“, полициски службеници запреле патничко возило „сеат кордоба“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(25) од Скопје, а совозач бил А.И.(33) од Скопје. При пrеглед во возилото биле пронајдени шест лица мигранти и тоа С.М.(16), M.A.(16), A.Х.(16), Р.М.(15), Х.И.(14), сите од Сомалија и A.K.A.(17) од Сирија, појаснуваат во денешното соопштение од МВР.