Скопјанец со закана со остар предмет во близина на железничката станица на минувач му одзел мобилен телефон, паричник и торбичка. Рзбојникот е пронајден и приведен од страна на полицијата.
Од МВР соопштија дека денеска полицајци од ЕВР ОКР Гази Баба го лишиле од слобода Е.И. (27) од Скопје поради извршено кривично дело разбојништво.
Тој вчера на улицата „Вера Радосавњевиќ“, во близина на железничката станица, со закана со остар предмет извршил разбојништво над М.Д. и му одзел мобилен телефон, паричник и торбичка. Веднаш по пријавувањето на случајот се преземени соодветни мерки и активности и сторителот е пронајден и приведен, а пронајдени се и одземените предмети, се наведува во соопштението.
По документирање на случајот ќе биде поднесена содветна пријава до надлежното обвинителство.