Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „телесна повреда“, на 19.07.2020 во 22: 30 часот во СВР Охрид бил лишен од слобода Х.Б.(30) од Охрид. Тој претходно, во домот, физички нападнал членови на семејството.
При преземање мерки во неговиот дом, полициските службеници пронашле и одзеле пиштол „BLOW Magnum“, кој нелегално го поседувал.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.