Хроника 19. септември 2020. / 16:45

Приведен маж од Ерџелија кој мачел животни

Приведен маж од Ерџелија кој мачел животни

Одделението за внатрешни работи од Свети Николе поднесе кривична пријава против жител на село Ерџелија поради основано сомнение дека сторил кривично дело „мачење животни“. Кривичната пријава е поднесена по објавата на видео на социјалните мрежи.

Од МВР информираат дека лицето М.Е. е приведено и со него е извршен разговор.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното Јавно обвинителство.