Хроника 21. октомври 2020. / 21:00

Приведен маж од Албанија, баран од Интерпол

Приведен маж од Албанија, баран од Интерпол

МВР информира дека денеска, во 13.10 часот, на граничниот премин Ќафасан приведен е М.М. (42) од Република Албанија затоа што се барал со потерница од Интерпол-Италија.

Лицето е спроведено до Полициската станица Струга за натамошна постапка, соопштува министерството.