Вчера, во тетовското село Требош, полицијата приведе едно лице кое се барало со меѓународна потерница од Основен суд Тетово.
– На 14.12.2020 во 10:30 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка -Отсек за потрага со асистенција на Единицата за специјални задачи во село Требош-тетовско го приведоа Р.Ф. (47) од с.Требош, кој се барал со меѓународна потерница од Основен суд Тетово во врска со чл.418а ст.2 од КЗ на РСМ, се појаснува во денешното соопштение од МВР.
Лицето е спроведено во казнено поправна установа.