Хроника 15. декември 2018. / 11:53

Приведен гостиварец осуден на затворска казна

Приведен гостиварец осуден на затворска казна

Полицијата вчера го приведе 46-годишниот А.С., осуден на тригодишна затворска казна.

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово – Полициска станица Гостивар вчера околу 11:30 часот  во село Чегране, гостиварско го привеле А.С.(46) осуден на тригодишна затворска казна за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

По кусото задржување во Полициската станица Гостивар, А.С. предаден е во КПУ„Идризово“ за издржување на затворската казна.