Хроника 04. август 2019. / 10:58

Приведен е велешанец поради сомневање дека превезувал мигранти

Приведен е велешанец поради сомневање дека превезувал мигранти

Велешанец е приведен поради сомнение дека превезувал мигранти.

Според билтенот на МВР вчеравечер во 20,00 часот на автопатот помеѓу двата тунели во правец од Гевгелија кон Демир Капија, од страна на полициски службеници било запрено товарно моторно возило „Фиат Дукато“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.К..

Од страна на полициски службеници возачот бил приведен. Во непосредна близина на возилото биле пронајдени 24 лица илегални мигранти од Авганистан, Пакистан и Бангладеш.