Хроника 18. февруари 2020. / 11:16

Приведен Албанец кој илегално влегол во Република Македонија

Приведен Албанец кој илегално влегол во Република Македонија

На 17-ти февруари 2020 година, во 13:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Лабуништа“ во селото Лабуништа го затекнале лицето X.H. од Република Албанија.

– Од извршените проверки било утврдено дека илегално влегол во Република Македонија, по што бил приведен во Полициска станица за понатамошна постапка – информираат од МВР.