Хроника 18. февруари 2020. / 11:16

Приведен Албанец кој илегално влегол во Република Македонија

Приведен Албанец кој илегално влегол во Република Македонија

На 17-ти февруари 2020 година, во 13:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Лабуништа“ во селото Лабуништа го затекнале лицето X.H. од Република Албанија.

Од извршените проверки било утврдено дека илегално влегол во Република Македонија, по што бил приведен во Полициска станица за понатамошна постапка – информираат од МВР.