Министерството за внатрешни работи информира дека денеска, во 12.00 часот, по преземени мерки од страна на инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар извршен е претрес во домот кај В.С.(37) од Гостивар при што се пронајдени околу 110 грама хероин.
Лицето е лишено од слобода.
По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.