Хроника 21. октомври 2020. / 14:00

Приведен 25 годишен скопјанец за тешка кражба

Приведен 25 годишен скопјанец за тешка кражба

Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Гази Баба го лишиле од слобода М.Ш.(25) од Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“, извршено ноќта на 14/15.05.2020 во стан на ул.„Вамбел“ во Скопје.

Од МВР денеска информираа дека по добиена наредба од Кривичен суд Скопје, полициските службеници извршиле претрес во домот кај М.Ш. и при што се пронајдени предмети кои потекнуваат од наведеното кривично дело.

М.Ш. е приведен во Полициска станица Гази Баба и по целосно документирање на предметниот материјал против него ќе биде поднесена кривична пријава, се наведува во соопштението од МВР.