Полицајци од полициска станица Карпош вчера го уапсиле 23-годишниот С.Р. од Скопје, постапувајќи по пријава на родител, дека едно лице со закана одзело пари од чантата не неговиот малолетен син.
Според пријавата, настанот се случил во близина на крстосницата на булеварот „Партизански одреди“ со илицата „Московска“.
С.Р. е приведен во полициската станица Карпош за понатамошна постапка, а кај него биле пронајдени одземените пари.
По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.