Хроника 16. декември 2020. / 11:45

Притворен маж од Неготино кој физички ја нападнал сопругата

Притворен маж од Неготино кој физички ја нападнал сопругата

Вчера во 15: 20 часот во Полициската станица во Неготино, 39-годишна неготинка пријавила дека околу 14: 30 часот во нивниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг К.В.(39), информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Тој додаде дека лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.