Хроника 01. декември 2020. / 15:24

Притвор за жител на Челопек за дрога и оружје

Притвор за жител на Челопек за дрога и оружје

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 24-годишен жител на село Челопек, Општина Брвеница, поради основано сомнение дека ги сторил кривичните дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а на предлог на јавен обвинител му одреди притвор во траење од 30 дена.

Како што информираат од ОЈО, во неделата околу 17:45часот во домот на осомничениот полициски службеници пронашле оружје – автоматска пушка, што на граѓаните им е забрането да го поседуваат и неовластено заради продажба држел 400 грама наркотична дрога марихуана.

-Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд достави Предлог за определување на мерката притвор за осомничениот. Предлогот беше прифатен од Основниот суд Тетово кој со Решение на осомниченото лице му определи притвор во траење од 30 дена, соопшти ОЈО.​