Хроника 06. ноември 2020. / 17:00

Притвор за седум жители на Боговиње поради физичка пресметка

Притвор за седум жители на Боговиње поради физичка пресметка

Седум лица од тетовското село Боговиње вчера биле приведени од страна на полицијата поради физичка пресметка.

Б.М.(42), А.М.(53), З.М.(41), Е.Б.30), И.Б.(29), Ќ.Б.(58) и В.Б.(32), сите од с.Боговиње, тетовско, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која користеле тврди и остри предмети. Тие биле задржани во полициска станица за расчистување на случајот – велат од МВР.

Како што информираа од полицијата, подоцна, при претрес извршен во домот на Ќ.Б.(58), биле пронајдени гасен пиштол, куршуми и нож.

По документирање на случајот против пријавените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.