Хроника 24. септември 2019. / 12:37

Притвор за полицаецот што зел поткуп од холандскиот државјанин

Притвор за полицаецот што зел поткуп од холандскиот државјанин

Надлежен судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во времетраење од 8 дена на приведениот полицаец, кој зема поткуп од холандски државјанин за да не му пише прекршок.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, во соработка со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на 22.09.2019 околу 13 часот го приведе А.Б., бидејќи на 21.09.2019 околу 16.20 часот, на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, А.Б. надвор од работното време, облечен во полициска униформа, запрел патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, што го управувал холандскиот државјанин П.В.Н.(61) и за наводен сообраќаен прекршок му земал поткуп од 20 евра.