Хроника 13. август 2020. / 19:15

Притвор за маж кој од куќа во охридско украл 30.000 евра

Притвор за маж кој од куќа во охридско украл 30.000 евра

Во притвор заврши 26-годишно лице (М.Н.) од селото Вапила кое извршило тешка кражба.

Како што информираат од полицијата, тој на 4 август, во куќа сопственост на С.П. во селото Лескоец, со употреба на физичка сила и подесен алат влегол и одзел 30.000 евра и 5.000 денари.

М.Н. бил приведен и од страна на судија на претходна постапка од Основен суд Охрид одредена му е мерка притвор.