Хроника 02. јуни 2018. / 16:14

Притвор за германски државјанин со адреса во Инџиково за криумчарење мигранти

Притвор за германски државјанин со адреса во Инџиково за криумчарење мигранти

Вчера РЦ Север до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје, поднесе кривична пријава против А.М. (27) од Вердол-Р.Германија, со место на живеење во с.Инџиково-скопско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

На 31. мај во 22,30 часот на автопатот Скопје- Куманово после наплатната рампа „Романовце“, од страна на Мобилна царинска екипа било забележано патничко моторно возило “Даимлер – Grand Voyager“ со тетовски регистерски таблици како стои на коловозна лента.

При извршениот увид констатирано е дека во возилото има 13 лица-мигранти (четворица од Авганистан, тројца од Пакистан и шестмина од Бангладеш меѓу кои и едно малолетно лице).

Возачот на возилото е приведен во СВР Куманово, а мигрантите се сместени во Прифатниот центар во Скопје.

Од страна на судија на претходна постапка на А.М. му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена