Хроника 31. јули 2019. / 15:11

Припадникот на УЧК Морина утре излегува од притвор

Припадникот на УЧК Морина утре излегува од притвор

Поранешниот припадник на УЧК, Томор Морина, кој е во притвор во Македонија, утре ќе биде ослободен, со што ќе може да се брани од слобода, дознава Вечер од адвокатот на Морина, Насер Рауфи.

Томор Морина е уапсен минатата недела, на граничниот премин Блаце, поради распишана потерница од страна на Интерпол.

Властите во Србија побараа негова екстрадиција бидејќи го сомничат за злосторства врз цивили на Косово.

Инаку вицепремиерот Бујар Османи рече дека лично ќе се заложи за Морина да биде ослободен.