Хроника 02. јуни 2018. / 15:53

Пријави за напади врз малолетници

Пријави за напади врз малолетници

Денеска околу 2 часот по полноќта во Полициската станица Драчево З.Р. (47) пријавил дека околу два часа претходно во „Паркот на бранители” во населбата Драчево физички бил нападнат неговиот 17 – годишен син од три лица од Драчево.

Во врска со овој настан во Полициската станица Драчево и Ј.Р. (51) пријавил дека во исто време и на истото место физички бил нападнат неговиот 17 годишен – син од едно лице на возраст од 17 години и уште две други лица.

Се работи на целосно расчистување на случајот, соопшти МВР.