Хроника 03. мај 2018. / 12:14

Пријавено за исчезнато девојче од тетовско Џепчиште

Пријавено за исчезнато девојче од тетовско Џепчиште

Седумнаесетгодишно девојче од селото Џепчиште, кое било под надгледување на Центарот за социјална работа Тетово, се оддалечило во непознат правец.

Како што информира МВР, случајот вчера во полиција го пријавила З.Е., социјален работник при Центарот за социјална работа во Тетово.

Девојчето се оддалечило во непознат правец на 25 април годинава.

Полицијата презема мерки за пронаошање на девојчето.