Хроника 15. јули 2020. / 13:19

Пријавени случаи на гласачки поткуп во Крива Паланка

Пријавени случаи на гласачки поткуп во Крива Паланка

Во полициската станица Крива Паланка се пријавени два случаи на организиран превоз за гласање, а има и четири пријави за агитирање кон гласачи и тоа, на ул.„8-ми Октомври“, на ул.„Јоаким Осоговски“, како и во с.Узем и с. Нерав. Агитирање е пријавено и во СВР Струмица, во с. Пиперево и во Нов Дојран, а во село Самоилово наводно едно лице упатувало закани кон друго лице да гласа за политичка партија. Во Полициското одделение Ново Село граѓанин пријавил дека едно лице од Ново Село одзело лична карта на друго лице и гласало во негово име“, соопшти Ангеловски