Хроника 25. декември 2018. / 12:43

Пријавен обид за силување во Гостиварско

Пријавен обид за силување во Гостиварско

Деветнаесетгодишна девојка од гостиварско село, вчеравечер ( 24 декември ) околу 21 часот, пријавила дека попладнето околу 18 часот патувајќи сама со такси-комбе, што го управувал 41- годишниот Ф.К. од гостиварски Градец, истиот се обидел да ја силува. Исплашена, таа од возачот побарала да застане, ја отворила вратата од возилото и трчајќи се оддалечила.

Нешто подоцна, Ф.К. лишен е од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот. Известен е Јавен обвинител.