Хроника 15. March 2019. / 11:18

При претрес во домот, оружјето го фрлил кај комшијата во двор

При претрес во домот, оружјето го фрлил кај комшијата во двор

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, во содејство со ПО Чегране, вчера наутро во 6:45 часот извршиле претрес во домот и помошните простории на 42-годишниот Р. М. во гостиварското село Чајле.

Како што информираат денеска од МВР, при претресот, реализиран со судска наредба, пронајден е пиштол „глок“ калибар 9 милиметри, што го поседувал со дозвола, ловечки карабин „хајнел“ калибар 30-06 со дозвола на друго име и вкупно 136 куршуми од различни калибри.

Непосредно пред тоа, во дворот од соседната куќа, пронајдени се два пиштоли „ЦЗ“ калибар 6,35 милиметри, револвер „Смит и Весон“ калибар 45 милиметри, нож со футрола, 5 куршуми и батериска лампа со полнач, а кои непознато лице ги фрлило од прозорец од куќата на Р. М. (42) додека тој бил приведуван од полициските службеници.

Се работи на целосно расчистување на случајот.