Хроника 12. март 2019. / 16:20

При преглед во возилото биле пронајдени 43 мигранти

При преглед во возилото биле пронајдени 43 мигранти

Вчера во 14.00 часот на автопатот Гевгелија –Скопје, кај клучката „Прдејци“, полициски службеници запреле товарно возило „Ивеко деили“,а во него затекнале 43 мигранти.

Според МВР товарното возило било управувано од 21- годишниот Ш.Е од Косово, а сопственост на 28- годишниот А.Ќ од село Арачиново, скопско.

При преглед во возилото биле пронајдени 43 мигранти од Пакистан, Индија, Кашмир и Авганистан. Мигрантите биле приведени во Полициската станица за Граничен премин „Богородица“, а возачот бил лишен од слобода и предаден во Полициската станица Гевгелија, соопштуваат од полицијата.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.