Хроника 15. јуни 2020. / 11:59

Превезувал мигранти од Пакистан, се судрил со возило на МВР и избегал

Превезувал мигранти од Пакистан, се судрил со возило на МВР и избегал

Вчера во 19:50 часот било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, кај наплатната рампа Романовце, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено меган“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник и патничко возило „фолксваген пасат“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од непознат возач, информираат од МВР.

По незгодата, возачот на возилото „фолксваген пазасат“ го напуштил местото на настанот, а во возилото биле пронајдени осум мигранти од Пакистан. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово во присуство на инспектор од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, наведуваат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.