Хроника 05. август 2020. / 14:36

Претепан ЛГБТИ активистот од Тетово, Беким Асани

Претепан ЛГБТИ активистот од Тетово, Беким Асани

Беким Асани, претседател на организацијата ЛГБТИ Јунајтед од Тетово, физички бил нападнат од две лица, на околу 200 метри од канцеларијата.

Ме удираа со боксови по лицето – напиша Асани на Фејсбук .

„Ти ли си тој педер?“, му рекол еден од напаѓачите и инсистирал Беким да му се тргне од патот. Другиот напаѓач излегол од авотмобил и го нападнал со боксови, а потоа двајцата заедно го дотепале.

Полицијата го регистрирала нападот. Асани е повреден, но се чувствува добро.