Хроника 29. декември 2018. / 21:17

Пресметка на подземјето во Кичево: Убиен сопственик на локал

Пресметка на подземјето во Кичево: Убиен сопственик на локал

Едно лице е убиено вечерва во кафеана во Кичево, пишува Независен весник.

Како што дознава „Независен весник“ убиен е сопственикот на локалот, но засега нема информации за убиецот. Неофицијално сопственикот бил избоден до смрт со остар предмет по кратка расправија со напаѓачот.

Мотивите засега не се познати. Полицијата и јавен обвинител извршија увид и локалот е заштитен со полициска лента.