Хроника 15. ноември 2018. / 15:01

Прегазено 6-годишно девојче во Тетово

Прегазено 6-годишно девојче во Тетово

Автомобил „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(34) од Тетово, удрило во шестгодишно девојче од Тетово.

Како што информираат од полицијата несреќата се случила вчера околу 17:30 часот на улицата „Видое Смилевски – Бато“ во Тетово.

Од ударот, девојчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во тетовската клиничка болница.

Извршен е увид на местото на настанот.