Хроника 18. февруари 2020. / 11:12

Прегазено 10-годишно дете: Со тешки повреди пренесено во болница

Прегазено 10-годишно дете: Со тешки повреди пренесено во болница

Вчера попладне во 17: 25 часот било пријавено дека на ул.„Доне Божинов“ во Куманово патничко возило „фолксваген шаран“, со австриски национални ознаки, управувано од Ѓ.А.(47) од Куманово удрило во 10- годишен пешак од Куманово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, по што бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа СВР Куманово.