Хроника 28. август 2019. / 11:12

Прегазена жена во Кисела Вода, возачот избегал од местото на несреќата

Прегазена жена во Кисела Вода, возачот избегал од местото на несреќата

Возрасна жена со тешки телесни повреди е пренесена во Градската болница во Скопје, откако синоќа била удрена од автомобил во скопската населба Кисела Вода. Поведена е истрага бидејќи по несреќата возачот избегал.

На 27.08.2019 во 19,30 часот било пријавено дека на крстосницата од улицата „Франк Харкорт Манинг“ и улицата „Козјак“ во Скопје патничко моторно возило управувано од непознато лице удрило во пешакот П.Ј.(80) од Скопје и го напуштило местото на настанот. П.Ј. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ – се наведува во полицискиот извештај.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.