На 30.01.2021 во 21:00 часот било пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ патничко возило „ауди А3“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(23) од Скопје, удрило во пешакот Н.К.(23) од Скопје.
Во незгодата Н.К. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.