Хроника 28. јули 2019. / 15:57

Прегазена 61-годишна жена во гостиварско

Прегазена 61-годишна жена во гостиварско

Шеесетиедногодишна жена од село Дебраште е тешко повредена во сообраќајна несреќа, што се случила на крстосницата помеѓу регионалниот пат Гостивар с.Градец со локалниот пат за с.Дебреше.

Несреќата се случила кога автомобил „Фолксваген Венто“ удрил во жената.

С.И од село Дебраште била пренесена во Медицински центар Гостивар, каде и се констатирани тешки телесни повреди.

Извршен увид од екипа на СВР Тетово.