Хроника 30. јуни 2018. / 12:37

Прегазен полицаец во Тетово – со автомобилот удриле директно во него

Прегазен полицаец во Тетово  – со автомобилот удриле директно во него

Синоќа околу 21 часот и 45 минути на улица „Страшо Пинџур“ во Тетово од страна на полициски службеници на СВР Тетово биле преземани мерки за приведување на лицето 41- годишниот Г.Е од Тетово кој се бара за издржување затворска казна во времетрање од 6 години и 5 месеци за сторено кривично дело “убиство”.

-Откако лицето било забележано на наведената улица како совозач во патничко моторно возило “Волксваген-Пасат“, од страна на полициски службеник била издадена наредба да се сопре возилото, при што непознатиот возач со голема брзина тргнал кон полицискиот службеники со предниот дел од возилото го удрил во пределот на десното колено. По што Г.Е. извадил пиштол кој го вперил кон полицискиот службеник и иситот од службениот пиштол испукал еден проектил кон возилото- се вели во соопштение од МВР.

На полицискиот службеник му била укажана лекарска помош во Клиничка болница Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на лицата.