Хроника 07. декември 2020. / 10:36

Прегазен пешак во Кисела вода

Прегазен пешак во Кисела вода

Пешак утринава бил прегазен кај автобуска постојка на булеварот „Борис Трајковски“, во Кисела Вода, објави Курир.

Од МВР за Курир потврдуваат дека пријава за сообраќајната несреќа добиле утрово околу 7 часот.

Автомобил „Митцубиши“ со скопски регистерски ознаки удрил во пешак. Лицето со возило на Итна медицинска помош е пренесено во болница, велат за Курир од МВР.

Од полицијата додаваат дека се уште се работи на терен, а по завршување на увидот ќе бидат познати повеќе детали.