Прегазен пешак во тетово, повредениот веднаш бил пренесен во болница. Како што стои во билтенот на МВР, вчера околу 17.30 часот на ул.„29 Ноември “ во Тетово, засега непознато патничко возило удрило во пешакот Ј.Д.(66) од Тетово и веднаш го напуштило местото.
Од ударот Ј.Д. се здобил тешки телесни повреди и бил пренесен во тетовската клиничка болница. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и возачот и за целосно расчистување на случајот.