Хроника 25. февруари 2021. / 13:31

Прегазен маж на пешачки премин во Дебар Маало

Прегазен маж на пешачки премин во Дебар Маало

Еден човек е тешко повреден откако автомобил удри во него додека преминувал пешачки премин на улицата „Орце Николов“, во близина на Министерството за одбрана, дознава Макфакс.

Екипа на брзата помош е на терен со повредениот.

Се уште нема детали како се случила несреќата и дали возачот на автомобилот бил под дејство на психотропни супстанци.