Хроника 30. јули 2018. / 15:44

Пред Мавровка направиле сообраќајка па се испотепале

Пред Мавровка направиле сообраќајка па се испотепале

Околу 21,10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булеварот „Крсте Мисирков“ по претходна случена сообраќајна незгода, пред трговскиот центар Мавровка, дошло до нарушување на јавниот ред и мир меѓу М.Ш. (33) и М.Ф.(31) двајцата од село Арачиново-скопско, и браќата М.Б. (25) и В.Б. (22) и О.Б.(17) сите од Скопје.

По настанот, браќата се упатиле кон Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ и му се јавиле на нивниот братучед И.С. (37), кој отишол на местото на инцидентот, но М.Ш. и М.Ф. го нападнале и него.

М.Ш. и М.Ф. се приведени во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.